Идеална напивка за диета од само две состојки: Верувале или не, има нула калории!

Фото: Профимедиа

Комбинацијата од јаболка и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува тежината, елиминирајќи го вишокот на задржани течности во организмот.

Антиоксидантите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат апетитот и копнеењето по јаглехидрати, притоа не поттикнувајќи претерано лачење на инсулин, што е важен фактор доколку сакате да се ослободите од вишокот на килограми.

Експертите навеле дека со употребата на цимет, лачењето на инсулин е под контрола, што овозможува успешно топење на масните наслаги. Истражувањата покажале дека со консумацијата на само половина лажица цимет дневно може да се намали нивото на лошиот холестерол.

Исто така, циметот помага и при проблемите со варењето и влијае на намалувањето на триглицеридите.

Но, комбинацијата од јаболка и цимет, пак, фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува телесната тежина, притоа елиминирајќи го вишокот на задржани течности во организмот

Потребни состојки:

– едно јаболко
– едно стапче цимет или една лажица цимет во прав
– два литра зовриена или филтрирана вода

Подготовка:

Исечкајте го јаболкото на неколку парчиња, додадете едно стапче цимет (или една лажичка цимет во праав) и залијте ги со 1,5 до 2 литра зовриена, но изладена вода (или филтрирана).

Оставете ја напивката да отстои околу еден до два часа. Потоа, истата можете да ја пиете во текот на денот, кога и да посакате.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот