Идеален ручек според стар рецепт: Пробајте го со овој додаток! (РЕЦЕПТ)

Доколку се уште не сте се одлучиле што да подготвите денес за ручек, ова е нашиот предлог…

Ова е идеален летен и лесен ручек според стар рецепт кој сигурно го правеле вашите баби и мајки.

Потребно ви е:

1 врзопче покрупен млад кромид
2 поголеми домати
5-6 поголеми пиперки
Масло
Сол, бибер, магдонос

Прилог:

Колбаси

Подготовка:

На масло запржете го исецканиот кромид, кога ќе биде стаклест, додадете ја и сецканата пиперка па и неа запржете ја на тивок оган додека да омекне.

На крајот додадете го и излупениот и сецкан домат.

Пржете го додека да изврие течноста. Посолете, по желба додадете и бибер, вегета и магдонос по желба.

Како прилог, доколку не сакате посен ручек, додадете пржени колбаси, или плескавици, кременадли, доколку е посно, најдобро оди компир.

Уживајте во овој стар но многу вкусен и лесен рецепт. Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот