Иако е во бегство, советникот Нефи Усеини си отворил фирма во Битола

За Усеини и неговиот брат одредена е мерка притвор од осум дена, но полицијата не може да ги лоцира. Тие се осомничени за кривично дело насилство и недозволено држење оружје.

Охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини, го проширува бизнисот, иако веќе шести ден е во бегство и полицијата не може да го лоцира.

Како што пишува Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Усеини отворил нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата „Бетон 2020 Н и О“ ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител.

За Усеини и неговиот брат одредена е мерка притвор од осум дена, но полицијата не може да ги лоцира. Тие се осомничени за кривично дело насилство и недозволено држење оружје.

Делата се поврзани со тепачката во Охрид, за која нивниот сограѓанин Спирко Топалоски ги обвини дека го натепале и дека му се заканувале со пиштол.

Неколку дена подоцна Топалоски ја промени изјавата и рече дека со Нефи се добри пријатели, а оружје при нивната средба немало, туку само така му се причинило.

Нема потерница по насилниот советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот