Нема потерница по насилниот советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро

нефи усеини
Нефи Усеини, советник од ДУИ во Општина Охрид, Фото: Архива

Двајцата од Основното јавно обвинителство заработија кривични пријави за „насилство“ и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, а судот им одреди притвор во траење од осум дена само за кривичното дело „насилство“.

Основниот суд од Охрид до денеска нема издадено наредба на полицијата да распише национална и меѓународна потерница по советникот од Советот на општина Охрид, 45-годишниот Нефи Усеини и неговиот брат, три години постариот Ибро.

Двајцата од Основното јавно обвинителство заработија кривични пријави за „насилство“ и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, а судот им одреди притвор во траење од осум дена само за кривичното дело „насилство“.

Јавното обвинителство Охрид отвори предмет за Усеини и неговиот брат, а како што велат од таму, собирале материјални докази и се сослушувале сведоци по однос на предметот, а веќе бил ивршен и претрес во домовите на двајцата осомничени кои сè уште се во бегство.

Од охридската полиција велат дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Пријавата против двајцата уследи по поднесена жалба во полиција од страна на охриѓанецот Спире Топаловски кој тврди бил претепан од Усеини и уште три други лица пред охридски хотел и пред неговиот 14-годишен син кон кого бил вперен пиштол.

Лани обвинителството отвори предмет против Нефи Усени за напад на инспектор кој бил спречен да изврши увид на градбата кај чинарот. Кривични пријави против Усеини беа поднесувани и претходно за повеќе случаи како насилство, физички напади и узурпација на простор.

Нефи Усеини ѝ е познат на македонската јавност по неколку инциденти од кои излезе без потешки последици. Во еден случај тој нападна инспектори кои му ја уриваа дивоградбата во охридската чаршија, потоа вербално нападна новинар, а имаше и пријава за физички напад врз колега-советник од БЕСА како и професор на Штуловиот универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот