И Веспрем победи во последното коло во ЛШ пред осминафиналната пресметка со Вардар
Ракометарите на Веспрем во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите го победија ПСЖ на гости со 39:40 во дербито на вечерта. Веспрем на крајот го освои четвртото место во групата Б и во нокаут фазата ќе игра против македонскиот шампион Вардар.
Препорачано
Веспрем во најголем дел од натпреварот имаше предност, но триумфот го завери во последната минута и тоа со голот на Јахја Омар. Петар Ненадиќ со девет гола беше најпрецизен кај Веспрем, додека во редовите на ПСЖ најдобар беше Никола Карабатиќ со осум гола.
Актуелниот европски шампион Барселона имаше сигурен настап пред своите гледачи во последното коло од групната фаза и со 29:22 го победи Фленсбург со што го завери второто место во групата кое носи директен пласман во четвртфиналето.
Екипите на Алборг и на Кил од групата А и Келце и Барселона од групата Б обезбедија директен пласман во четвртфиналето, додека Вардар, Пик Сегед, Монпелје, Елверум, ПСЖ, Веспрем, Порто и Фленсбург ќе играат во осминафиналето.
Осминафинални двојки:
Фленсбург – Пик Сегед
Елверум – ПСЖ
Порто – Монпелје
Вардар – Веспрем


