И екс ѕвездата на Манчестер сити сака да биде херој како Пандев!

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Црна Гора посакува еден ден да биде дел од големите фудбалски натпреварувања, како што тоа го направи Македонија со нејзиниот прв пласман на европските шампионати со победата во Тбилиси над Грузија (0:1).

А херој на нашата А селекција беше Горан Пандев (37) кој го постигна победничкиот гол и така својата кариера ќе ја збогати и со учество на континенталните собири.

Црногорците играат исто така во Лигата „Ц“, после пет кола во својата група „1“ се на првото место со 10 бода, пред Луксембург (девет), а без шанси за повисок ранг се Азербејџан (пет) и Кипар (четири).

Одигра нерешено 0:0 со Азербејџан, а за два дена во последниот меч од групата Црна Гора во Подгорица ќе го пречека Кипар. Со три бода дефинитивно Црногорците ќе обезбедат настап во Лигата „Б“.

– Го победивме Кипар на гостински терен (0:2), но тоа не значи ништо. Новата победа мораме да ја заслужиме. Добивме шанса, останува да ја искористиме. Не ни беше лесно, но покажавме колку нам ни значи репрезентацијата и желбата да бидеме први – рече црногорскиот репрезентативец и воедно сегашен фудбалер на Монако, Стеван Јоветиќ (31).

(ВИДЕО)Голот на Пандев во конкуренција за најубав во Лигата на нации

Поранешниот играч на Партизан, Фиорентина, Манчестер сити, Интер и Севиља сонува да се пласира на големо натпреварување, баш како што успеа и Горан Пандев кој ја одведе Македонија на ЕП.

– Мило ми е поради него и Македонците. Горан е одличен човек кој со години на брилијантен начин ја води националната репрезентација, а игра одлично и во Серија А. Се надевам дека Господ ќе ме види мене за да го доживеам истото со Црна Гора – додаде Јоветиќ кој со Сити успеа во сезоната 2013/14 да ги освои Премиер лигата и Лига купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот