(ВИДЕО)Голот на Пандев во конкуренција за најубав во Лигата на нации

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Најважниот гол во историјата на македонскиот фудбал, голот на Горан Пандев кој не однесе на Европското првенство е во конкуренција за најубав гол од баражите за пласман на ЕП.

Голот на Пандев беше крува на одличната акција на македонската репрезентација која започна со Елиф Елмас кој повлече противнапад па потоа со серија кратки додавања со Пандев и Илија Несторовски ја изработија одбраната на Грузија и му овозможија на капитенот да излезе сам пред голманот Лориа и без проблеми да го совлада и да ја однесе Македоија на ЕП.

Освен голот на Пандев, во конкуренција се уште и головите на Рајан Кристи од Шкотска, Доминик Собошлаи од Унгарија како и на Словакот Михал Дуриш.

Головите можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот