Хумана акција на РК Е. Пелистер: Навивачите во Битола ќе фрлаат плишани играчки

РК Е. Пелистер со хумана акција за дечињата од ранливите категории/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Денеска со почеток од 18.00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се игра дербито во домашната Суперлига помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Двете екипи се едни од најсериозните за освојување на титулата оваа сезона, моментно го делат првото место со по 39 бодови.

Како што најавија битолчани, салата е распродадена само за еден час за ова дерби, а воедно и навивачи ќе бидат присутни со цел да им дадат поддршка на скопските „црвено-црни“.

Водно РК Е. Пелистер организира хумана акција, односно испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година.

– Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот – информираат од РК Е. Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот