Ќе биде дерби за мерак, и Комитите одат во Битола

Чкембарите и Комитите ќе го „збогатат“ дербито? фото: РК Е.Пелистер/РК Вардар-Денис Дуковски

Големото ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде збогатено и со гостинските навивачи. Комитите објавија дека ќе одат во Битола да го бодрат Вардар кој се наоѓа во голема резултатска криза и која резултира со заминување на тренерот Веселин Вујовиќ од клупата.

„ Жртви сме затоа што имаме големи срца. Баравме да им изградат стадион, а сега поради изградбата во тек, не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал. Добро, ќе почекаме…
Останува Ракометното дерби, кое доаѓа во лош момент за Вардар, по лошата серија и промената во стручниот штаб. Но ние сме Вардар и потребен е максимален фокус кон предизвиците кои следат.
Одиме во Битола, според тоа како се одвиваат работите во моментов. На Вардар му треба поддршка!
Среда, 15.12
Железничка
14:00ч.
Сите во црно ! “, објавија Комитите на својата Фејсбук страница.

Поради епидемиолошката ситуација во Македонија, салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета 50 отсто од вкупниот капацитет, а присуството на двете навивачки групи Чкембари и Комите, се гаранција за фантастична атмосфера на трибините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот