Мирчевски се врати во Пелистер: Се надевам „Чкембари“ ќе ми простат за трансферот во Вардар
Пелистер денеска и официјално го претстави Мартин Мирчевски како ново засилување за претстојната сезона, а по враќањето во матичниот клуб 29-годишниот офанзивец испрати порака до навивачите и ја истакна својата желба да помогне во враќањето на битолскиот тим во најсилната конкуренција. Мирчевски, кој е дете на Пелистер, во текот на кариерата настапуваше и за Вардар, …

