,,Чкембари” бараат одговорност по испаѓањето: Кој го формираше овој тим?
Навивачката група „Чкембари“ остро реагираше по испаѓањето на Пелистер од Првата македонска фудбалска лига, откако битолскиот клуб го загуби бараж-дуелот против Шкендија Арачиново. Во јавно соопштение, навивачите побараа отчетност и транспарентност од раководните структури, оценувајќи дека кризата во клубот е резултат на погрешни одлуки и лошо управување.
Препорачано
Од „Чкембари“ посочуваат дека и покрај незадоволството и критиките во текот на сезоната, до последно давале поддршка со надеж дека исходот ќе биде позитивен, но по конечниот неуспех бараат конкретни чекори.
Меѓу нивните барања е јавно да бидат објавени имињата, функциите и финансиските надоместоци на сите лица ангажирани во клубот кои не се фудбалери, со цел, како што наведуваат, да се стави крај на шпекулациите и сомнежите во јавноста.
„По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на сè иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:
1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!
2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано” на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?
Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе. ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО“, се вели во соопштението.
Шкендија Арачиново по пенал драма го испрати Пелистер во Втора лига, место во ПМФЛ слави и Скопје


