Фото: Методи Здравев/Слободен печат

ФОТО | „Чкембари“ со навреда за ракометарите по дебаклот во Скопје, Пелистер му честиташе на Вардар и забрани коментари

Ракометарите на Пелистер претрпеа убедлив пораз од Вардар во денешното дерби, а тоа донесе големо незадоволство кај битолските фанови. Популарните „Чкембари“ по слабото издание во кое Пелистер загуби со 34-19 се огласија преку социјалните мрежи со навреда за целиот тим.

Исто така Пелистер преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Вардар, меѓутоа забрани коментари на објавата, веројатно свесни дека ќе следат жестоки напади.

Инаку, Вардар со овој триумф дојде до 15. титула во Суперлигата, до која секако беше блиску и потребен му беше само еден бод кој веројатно ќе го освоеше до крајот на сезоната, дури и Пелистер денеска да победеше во Скопје.

„Чкембари“ вечерва не присуствуваа на дербито во „Јане“.

ГАЛЕРИЈА | Вардарово славје во Скопје, Пелистер изгоре во скопскиот вулкан

ФОТО | Титулата се врати во Скопје: Вардар го понижи Пелистер и ја потврди двојната круна

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот