ХУМАН ГЕСТ: Кузмановски и спортистите донираа за Клиниката за детски болести (ФОТО)

Акцијата која ја започна ракометарот на Еурофарм Пелистер, Горан Кузмановски „#sportistiprotivKorona“, а на која се приклучија и голем број на македонски спортисти и спортски клубови, собра финансиски средства со кои е купен медицински материјал наменет за Клиниката за детски болести.

Kako poinaku da pocneme osven so Blagodarnost! Od srce vi se zablagodaruvame na site Vas sportisti,sportski…

Publiée par Goran Kuzmanoski sur Mercredi 29 avril 2020

Од собраните срењдства набавивме заштитни маски, скафандери, ракавици, визири и пакети со храна. Веќе е поделена првата донација и тоа до Кллиниката за детски болести, а деновиве ќе бидат поделени и останатите до веќе договорените здравствени институции. Пакетите со храна ќе бидат наменети за социјално загрозените и во координација со невладиниот сектор истите ќе бидат поделени онамукаде се најпотребни.
Целта е остварена и ние сме посебно горди но аплаузот сепак оди до здравствените работници и до сите оние кои се во првите борбени редови во оваа заедничка борба“, напиша Кузмановски на својот Фејсбук профил.

Во иницијативата се вклучија многу спортиски тимови како КК МЗТ Скопје, КК Гостивар, РК Еурофарм Пелистер, ОК Јанта Волеј, но и спортистите Наумче Мојсовски, Столе Стоилов, Илија Несторовски, Филип Миркуловски, Никола Митревски, Баже Илијоски, Никола Ѓошевски, Срѓан Захариевски, Гоце Георгиевски и многу други.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот