Болница / илустрација / фото: Слободен печат / Васка М. Младеновска

Хрватските болници очајнички бараат лекари – се нуди „бонус за добредојде“ од 7.000 евра

Здравствениот дом на хрватскиот Копривничко-крижевачки Округ нуди досега незабележан бонус за двајца лекари, кои тие ќе го добијат и пред да се појават и еден ден на работа – 7.000 евра „за добредојде“, јавуваат регионалните медиуми.

Причината за конкурсот е пензионирањето на двајца лекари, а од Здравствениот дом велат дека бонусот претставува значајна поддршка и мотивација за младите доктори кои сакаат да изградат кариера во Хрватска.

„Нашата цел е да им обезбедиме достапна и висококвалитетна здравствена заштита на граѓаните, а во исто време да создадеме стимулирачка работна средина за здравствените работници, на кои им се нуди можност да продолжат да работат во приватна пракса“, наведува институцијата.

Директорката Жељка Фрук предупредува дека недостатокот на лекари во примарната здравствена заштита станува сè поголем проблем во округот, не само во руралните средини, туку и во градовите. Општата болница во Копривница, на пример, неодамна преку оглас бараше 29 луѓе. Активирани се и пензионирани лекари-специјалисти за работа со скратено работно време, а се бараат од медицински сестри и техничари, до готвачи и помошни работници.

Болницата досега успеала да најде шестмина свои пензионирани лекари кои ќе работат со скратено работно време, четири медицински сестри и двајца помошни работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот