Хорват: Ситуацијата во Металург не е добра, има многу турбуленции

Златко Хорват поради финансиски причини го напушти тимот од Автокоманда/фото: РК Металург

Пред три дена беше објавено дека тимот од Автокоманда го напушти и еден од најдобрите сезонава во клубот, Златко Хорват (37).

Познатото хрватско десно крило се одвојуваше меѓу првите стрелци во домашниот шампионат, но поради финансиските проблеми во Металург, играчот одлучи да си замине од Скопје, а се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот Дабас.

Хорват кој со својата репрезентација освои една олимписка бронза, сребро и бронза од Мундијалите, како и по два сребрени и бронзени медали од Европските првенства, за хрватскиот „Јутарњи“ потврди дека во Металург не е добра ситуацијата.

– Ситуацијата во Металург не е добра, има многу турбуленции, останавме без некои играчи кои ни беа важни. Но, верувам дека сега кога заминувам, полека ќе почне да се крева и дека оваа приказна добро ќе заврши.

Ја добија поддршката од општината во која се наоѓаат и тоа многу им значи. Колку повеќе ќе се определат за афирмација на младата екипа, тоа ќе биде подолгорочен потфат, но тоа е така. Се договоривме спогодбено, веројатно во моментот финансиски им бев товар.

Сè помина во добар тон. Искрено не се сеќавам дека некогаш било вака во Загреб, иако имаше тешки ситуации. Без разлика на ситуацијата овде, Металург сепак е име и мислам дека постои желба сето тоа да се зачува во добро светло – вели Хорват.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот