Фото: МИА

Хорор во Крушевац: син ладнокрвно ја избол мајка си до смрт

Медицинската сестра и сопственичка на пералница во Крушевац, Србија, била убиена во средата во својата семејна куќа, а за злосторството е осомничен нејзиниот син.

Според наводите на полицијата, по расправија, 32-годишниот Јанко Б. ја избол 59-годишната Биљана Б. со нож, по што мирно ја чекал полицијата.

Иако се шпекулира за различни мотиви, вклучително и дека младиот Јанко можеби се дрогирал, ниеден од соседите не можел да потврди дека меѓу Биљана и Јанко постоеле какви било конфликти.

Сопругот на Биљана одбил да зборува

Куќата во која се случила трагедијата вчера била празна, а во пералницата новинарите затекнале видно потресен маж, за кого соседите сведочеле дека е сопругот на Биљана. Тој одбил да разговара со медиумите, како и со неколкумина кои се претставиле како пријатели на семејството.

Сепак, најблиските соседи и работниците од градилиштето во непосредна близина на местото на трагедијата биле едногласни дека од куќата на Биљана не се слушнала никаква расправија, ниту нешто што би укажувало дека ѝ се заканува смртна опасност.

Како што велат, Биљана не испуштила ни глас, а за нејзината смрт дознале дури кога пристигнале повеќе полициски возила и Брза помош, која залудно дошла на адресата.

Синот бил ладнокрвен

Жителка на Крушевац, која била меѓу првите што се затекнале на местото на трагедијата, сведочи дека синот на жртвата бил целосно ладнокрвен и не покажувал никаква реакција поради злосторството што го сторил.

„Го слушнав завивањето на сирените и првин помислив дека има инцидент во станбената зграда до куќата на Биљана. Излегов на улица и ја видов полицијата како го запира сообраќајот, потоа полициско комбе влезе во нивниот двор и беше поставена полициска лента. Сè уште не знаев што се случува и не помислив на најлошото ни кога видов млад човек со качулка како го внесуваат во возилото. Беше целосно мирен, влезе во автомобилот и седеше таму дваесетина минути додека околу него имаше многу полицајци. Дури кога сè заврши, дознав дека Биљана е убиена. Ја знам од детството, но не можам ни да претпоставам што се случувало во нивната куќа, зашто таа беше прилично затворена личност и со соседите имаше само куртоазна комуникација. Нејзиниот татко ѝ ја изградил куќата бидејќи работел во странство, а сопругот се доселил кај неа. Беа фино семејство, не можам ни да претпоставам што се случувало зад ѕидовите“, изјави жената, која побара да остане анонимна.

Хорор во Бугарија: Маж избоде три лица меѓу кои и 15-годишно девојче, има и жртва

Свежо е сеќавањето од случајот со стоте убоди

Смртта на Биљана ги вознемирила жителите на Крушевац, особено бидејќи пред неколку месеци се случила уште една семејна трагедија во населбата Пејтон, кога Александар В. со повеќе од сто убоди со нож ги убил своите родители, а потоа извршил самоубиство.

„Биљана е малку помлада од мене, и јас и таа сме родени тука. Секогаш беше фина, на сите им се јавуваше. Сопругот го знам од видување, а за децата не знам ништо. Сите сме многу потресени што ова повторно се случува, семејното убиство е нешто најстрашно, не можам да сфатам зошто. Секој проблем е решлив, за убиство нема оправдување“, изјави Невенка Радовановиќ.

Мирела Милевиќ, која исто така живее во оваа улица, ги потврди наводите на другите соседи дека, според нивните сознанија, во тоа семејство немало проблеми.

„Секогаш се поздравувавме, ја гледав кога одеше на работа во болница. Синот не го познавав, ниту сум слушнала дека правел проблеми. За нас сето ова е страшно, никој не го очекуваше“, рече таа.

Јанко бил честопати гледан во блиската продавница каде што купувал основни намирници. Жената што работи таму изјавила дека, исто како и неговата мајка, бил многу пристоен.

„Никогаш не сум забележала ништо проблематично кај него, а честопати го гледав. Немам објаснување за тоа што се случи. Не можам ни да претпоставам што можело да го натера на таква страшна одлука“, заклучила таа.

Полицијата соопшти дека момчето е осомничено за убиство и дека му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведено пред обвинителството.

Доколку биде осуден, на Јанко му се заканува затворска казна од пет до 15 години.

Мајка и татко од Австрија се осудени на доживотен затвор – до смрт го мачеле тригодишното дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот