Бугарија полиција/ Фото allOver images / Alamy / Alamy / Profimedia

Хорор во Бугарија: Маж избоде три лица меѓу кои и 15-годишно девојче, има и жртва

Маж избодел три лица во населбата Обориште во Софија. Како резултат на нападот, починал 21-годишен маж, а тешко се повредени 15-годишно девојче и 78-годишна жена. Детето има повеќекратни убодни рани, а постарата жена има рани во стомакот и градите, објави БНТ.

Пријавата е поднесена во 5:40 часот наутро. На местото на настанот веднаш биле испратени три амбулантни возила, кои го однеле девојчето во болницата „Пирогов“, а жената во болницата „Царица Јоана – ИСУЛ“, каде што известиле дека пациентката била оперирана и е во животно-загрозувачка состојба.

Напаѓачот има 44 години, тој е приведен и според неофицијални информации тој е татко на младите лица што ги избодел. Сè уште не е јасно дали постарата жена е негова мајка.

Младото момче починало од убодните рани, веројатно уште во станот.

Соседите рекоа дека досега немало конфликти во блокот, а 44-годишниот маж не покажал агресија.

„Излегов во 7:30 да го однесам детето во градинка. Tогаш полицијата веќе беше тука.“

Мотивот за злосторството е сè уште нејасен. Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот