Хорор во Италија: Девет момчиња уапсени поради групно силување на две девојчиња од 10 и 12 години

Италијанска полиција
Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италијанската полиција вчера уапсила девет момчиња за групно силување на две девојчиња на возраст од 10 и 12 години во градот Каивано во близина на Неапол.

Веста за силувањето на девојките, кои биле братучедки, ја шокирала Италија кога била објавена во август. Силувањето се случило во јули, а девојчињата наводно неколку пати биле силувани од групата. Засега не се познати дополнителните информации за тоа како девојчињата се поврзани со напаѓачите, ниту пак има детали за идентитетот на напаѓачите.

Еден од деветмината уапсени снимил едно од силувањата и го пренесувал во живо, рече судијата за малолетници од Неапол во налогот за апсење. Седум малолетници и двајца полнолетни тинејџери се уапсени или подложени на други мерки на претпазливост, соопшти обвинителот.

Истражниот судија Умберто Лукарели рече дека осомничените „брутално ја искористиле слабоста и возраста на нивните жртви, сигурно дека нема да бидат пријавени поради срам и закана дека ќе дистрибуираат видеа за силување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот