Холивудската дива слави годишнина од бракот со 10 години помладиот сопруг: Тогаш сфатив дека таа е вистинската! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Актерката Џулиен Мур и нејзиниот сопруг Барт се дел од холивудскиот крем, но најдобро се чувствуваат без гламур и блицеви од фотоапаратите, кога всушност можат да бидат свои. Тие целосно „валкани“ ја поминаа својата 17-годишнина од бракот.

Ѕвездата од филмовите „Големиот Лебовски“ и „Часови“, Џулиен Мур е доказ дека жените во шеесетите години може одлично да изгледа во кратки панталончиња.

Славната 59-годишна актерка на Инстаграм објави фотографија на која блеска од среќа, во прегратка на својот сопруг Барт Фрундлих со кој изминатиот викенд ја прослави 17-годишнината од бракот.

Фото: Инстаграм

„Му реков дека би требало да се истушира. Тој ми кажа дека мојата коса мириса на мувла, како некоја стара кутија. Среќна 17-годишнина од бракот, ниту со било кој друг не би била со задоволство секој ден. Те сакам“, напиша Џулиен.

Во бела маичка и кратки панталончиња, витката актерка изгледа опуштено и фит како и нејзиниот шармантен сопруг во сиви тренерки и бела маичка на кратки ракави.

Фото: Инстаграм

Џулиен и Барт се запознале во 1996 година на снимањето на филмот „The Myth of Fingerprints”, а се венчаа летото во 2003 година.

Во едно интервју режисерот раскажал дека знаел дека Џулиен е „онаа вистинската“ кога на снимањето на филмот на кој се запознале, добил желба да застане зад неа додека дувал ветрот, со цел да ја заштити. „Тогаш без зборови, се поврзавме еден со друг на едно малку поинакво ниво“, изјави тој. Парот има две деца, 22-годишната Кејлеб и 18-годишниот Лив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот