Холивудска приказна која го крши срцето: Животот не му поделил добри карти, но неговата храброст и оптимизмот се инспирација!

Вечно ќе остане запаметен како Супермен, но многумина не знаат дека тој всушност тоа бил и во приватниот живот…

Актерот Кристофер Рив, кој повеќето го паметат по улогата на новинарот Кларк Кент кој се претвора во супехеројот Супермен, немал среќа во реалниот живот. Неговата судбина е потресна, но во исто време е и инспиративна приказна за волјата, силата и храброста.

“My goal was never to stand, it was to help shape research so that we could all get out of these chairs. But, at my…

Publiée par Christopher & Dana Reeve Foundation sur Vendredi 22 décembre 2017

Рив веќе бил славен кога во едно кабаре ја запознал Дејна Леј во која се заљубил на прв поглед. Парот се венчал во 1992 година, но несреќата набрзо затропала на нивната врата…

Christopher Reeve and wife Dana, 1993 at the launch of Planet Hollywood London.

Publiée par A Tribute to Christopher Reeve sur Jeudi 14 avril 2016

Познатиот актер во 1995 година доживеал страшна несреќа кога паднал од коњ и се здобил со тешка повреда на главата, поради што останал парализиран од вратот надолу. Неговата сопруга постојано била покрај својот повреден сопруг, помагајќи му во закрепнувањето кое било макотрпно и неизвесно.

Dana and Christopher Reeves

Publiée par Lo Sposalizio sur Mercredi 10 novembre 2010

Покрај фактот дека завршил во инвалидска количка и со бројни пропратни здравствени компликации, славниот актер не се откажувал од животот. Напротив, тој остварил неверојатен здравствен напредок каков што докторите не можеле да предвидат ниту во најлудото сценарио, активно се занимавал со говорништво и советување, а неговите мотивациски говори станале познати ширум планетата. Рив секаде се појавувал насмеан и полн со елан, а саканата сопруга никогаш не го напуштала.

“As a caregiver, you want to be as well informed as you possibly can be, and I think the first thing – the first most…

Publiée par Christopher & Dana Reeve Foundation sur Jeudi 31 mars 2016

Меѓутоа, неговата комплексна состојба имала придружени компликации, па така неколку години подоцна, поради инфекцијата која му се развила, примил антибиотик поради кој паднал во кома, а кратко потоа во март 2004 година починал од застој на срцето. Веста за смртта на славниот актер и голем борец го потресе светот, но трагедијата не завршува тука – само една година по смртта на Рив, на Дејна ѝ бил дијагностициран неизлечив облик на рак на белите дробови и таа почина во март 2006 година.

Christopher and his wife Dana. Both gone, but never ever forgotten.

Publiée par Christopher Reeve: The Real Superman sur Dimanche 12 février 2017

Кристофер и Дејна Рив основале фондација која го носи неговото име и која е посветена на иновативните истражувања и решенија за лекување на повреди на рбетниот мозок, како и подобрување на условите за живот на лицата со ваков вид повреда.

Кристофер Рив ќе остане запаметен, не по трагичната несреќа која му се случи на него и неговата сопруга, туку по борбата, ентузијазмот и силата кои не го напуштиле до последниот здив. И секако, како неприкосновениот Супермен – човекот од челик!

Прочитајте и...  Бремено 14-годишно девојче планира второ дете со „партнерот“ стар само 10 години

Прочитај повеќе

Карлеуша го „запали“ Инстаграм! Пејачката во провокативно мини бикини (ВИДЕО)

Слободен Печат

Актерката Миа Фероу проговори за состојбата на својата ќерка: Сега сите се добро, но тоа беше тешка борба во која Ковид е брутален!

Слободен Печат

Гледањето порно филмови со партнерот е возбудливо, а докторите сега велат дека е и препорачливо!

Слободен печат

Дајан Китон (74) ги откри своите омилени стајлинзи: Таа е вистинска икона на стилот! (ВИДЕО)

Слободен печат

Џони Деп го тужеше британскиот таблоид „The Sun“: Ме клеветеа дека сум насилник и ми ја уништија кариерата!

Слободен Печат

Жените во овие хороскопски знаци се најсурови!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ринго Стар го слави 80-от роденден – Честитки му пристигнаа и од вселената!

Слободен печат

Дејвид Швимер ја откри вистината за продолжението на „Пријатели“: Еве кога ќе се снима новата епизода! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дневна соба над Егејското море: Само доколку имате доволно храброст ќе седнете на овој двосед! (ВИДЕО)

Слободен печат

Направил сам куќа и базен од кал користејќи наједноставен алат: Погледнете како му успеа! (ВИДЕО)

Слободен печат

Ви се насобрал стар леб? Денес за вечера подгответе ја оваа сочна и мека пита која се топи во устата (ВИДЕО)

Слободен печат

Црвени намирници за балансирана исхрана

Слободен печат