Холгер Руне добива смртни закани по елиминацијата на турнирот во Акапулко

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Данскиот тенисер Холгер Руне загуби од Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 3:6, 4:6 во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Акапулко.

Мајката на Холгер, Анеке Руне, по поразот на нејзиниот син, добила заканувачки мејл и објавила на Инстаграм што пишува на истиот.

– Ти ку*кин сине. Те чекам. Ќе те најдам и ќе ти ставам нож во грло и потоа ќе ти ја отсечам глупавата глава. Ќе заврши во сите вести, ќе биде лекција за другите. Е*ано ѓубре. Доаѓам по тебе. Ќе умрете од тап нож – се вели во мејлот.

Анеке Руне исто така напиша.

– Ако некој го знае овој идиот, кажете му дека е нелегално да се заканува со смрт.

Руне стана професионалец во 2020 година. Досега има освоено четири турнири, со вкупно 105 победи и 67 порази. Од турнирот заработи повеќе од осум милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот