Холандија има нов селектор, Ван Гал се врати од пензија и седна на клупата на „лалињата“
Луј Ван Гал по трет пат ќе седне на клупата на репрезентацијата на Холандија и ќе ги предводи „лалињата“ во продолжение од квалифиациите за пласман на СП 2022 година, пишува „Де Телеграф“.
Ван Гал на клупата на Холандија доаѓа на местото на Франк де Бур кој ја предводеше репрезентацијата на Евро 2020. Холандија во групната фаза на ЕП оствари три победи меѓу кои беше и триумфот над Македонија со 3:0, но беше елиминирана во осминаиналето од Чешка со 2:0.
🚨 – BREAKING: Louis van Gaal is the new manager of the Dutch National Team!
WELCOME BACK! 🇳🇱 pic.twitter.com/jtqN96PT7R
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) July 21, 2021
Ван Гал по трет пат ќе ги предводи „лалињата“, првиот пат седеше на клупата од 2000 до 2002 година како и од 2012 до 2014 година, а најголем успех му е третото место на СМ во Бразил 2014 година.
Последниот ангажман на искусниот 64-годишен тренер му беше во Манчестер јунајтед од каде си замина во 2016 година по што одлучи да се пензионира. Во кариерата работеше и во Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар и Баерн Минхен.