Хоакин Феникс и Руни Марa во тајност станаа родители – Синот ќе го носи името на неговиот починат брат (ВИДЕО)

Instagram
Instagram

Холивудските актери Хоакин Феникс (45) и Руни Мара (35) пред еден месец станале родители на момче на кое му го дадоа името Ривер Феникс, во чест на трагично починатиот брат на славниот актер.

Хоаким Феникс и Руни Мара на Оскарите 2020 / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Среќните вести случајно ги откри режисерот Виктор Косаковски на филмскиот фестивал во Џирих, додека зборуваше за соработката со Хоакин Феникс на филмот „Гунда“.

„Тој всушност само што доби бебе… прекрасен син, кој го нарекоа Ривер!“, кажа режисерот.

Хоакин и Руни досега немаат потврдено ништо за раѓањето на синот, а во јавноста не говореа ниту за својата веридба.

Семејна професија во семејството на Руни Мара, е глумата. Имено, нејзината сестра Кејт Мара е популарна холивудска актерка.

И Хоакин Феникс исто така доаѓа од актерско семејство. Неговите сестри се актерки, но и неговиот брат Ривер Феникс беше познат актер кој трагично загина на врвот од кариерата.

Хоакин Феникс / Фото: Instagram

Сепак, иако Хоакин Феникс пораснал со семејството, неговото рано детство го одбележуваат трауматични сеќавања, семејни трагедии, раснење во култ, трауми, злоставување.

Семејството било во култот Божји деца, кој поттикнувал интимни односи меѓу возрасните и децата.

Кога неговите родители сфатиле дека култот всушност не се занимава со религиозни прашања туку исклучиво со интимни активности, го напуштиле култот и се преселиле на Флорида. Тогаш го смениле презимето во Феникс, со што родителите на Хоакин симболично сакале да му оддадат почит на својот нов живот.

Глумецот на кратко го сменил името во Лиф (Лист) и после тоа немал нормален живот зашто со братот Ривер (Река) и сестра му Реин (Дожд) морале да просат на улица. Немале ни за леб.

Сепак, набрзо на таа иста улица ги забележал агент за таленти и им договорил ангажмани во реклами и во серии. Публиката и критичарите одлично реагирале на филмот „Родител“ во кој глумел Хоакин и тој набрзо станал детска ѕвезда.

Неговиот брат Ривер исто така се прославил глумејќи го младиот Индијана Џонс во филмскиот хит. Своевремено бил и поголема ѕвезда од Хоакин, а освен со глумата се посветил и на музиката. Во 1993 година настапувал во ноќниот клуб “The Viper Room” во западниот дел на Холивуд.

Хоакин и сестра му Рејн биле таму, но никој не знаел дека на Ривер, кој бил познат како „веганскиот Џејмс Дин“ му дале пијалак од мешавина на дроги. Во раните утрински часови поради предозираноста, Ривер паднал во бессознание на улица, имал грчеви кои траеле пет минути и потоа починал.

Фото: Профимедиа

Хоакин Феникс го освои Оскарот и одржа инспиративен говор: Не се чувствувам над другите, бидејќи сите ја делиме истата љубов! (ВИДЕО)

Кој ќе биде новиот Џокер? На Хоакин Феникс му нудат вртоглава сума да сними уште две продолженија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот