Хенкок: Да се истражи како се утврдува бројот на починати од Ковид-19

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок денеска побара итно да се истражи методот за утврдување на бројот на починати како последица на Ковид-19.

Тој ја донесе таа одлука откако беше утврдено дека сегашниот метод што го користи британскиот здравствен систем подразбира дека лице кое се заразило со Ковид-19, а починало од други причини, се води како да починало од вирусот, пренесува Скај њуз.

Хенкок побара да се истражи методот, со оглед на тоа што во Велика Британија се регистрирани 45.111 смртни случаи од коронавирус, со цел решавање на проблемот и утврдување на влијанието на вирусот врз смртноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот