ХЕМИЧАРИТЕ НА ПРОТЕСТ: Бараат државата да им обезбеди иднина, инаку ќе си одат

Фото: Слободен печат/Драги Митрески

Студентите и вработените на Институтот за хемија на ПМФ при УКИМ денеска излегоа на протест пред институтот. Тие испратија три барања кои очекуваат власта да им ги реши. Идните хемичари се незадоволни, бидејќи немаат каде да ги докажат своите знаења преку практична работа. На Институтот, како што потенцираа тие, немаат соодветни лаборатории. Професорите, пак, од владата очекуваат нови вработувања на млади соработници и виши лаборанти.

– Во буџетот да се предвидат средства за финансирање на научно истражувачки проекти во кои покрај средства за работа во лабораторија и други потреби ќе биде вклучена и поддршка за млади истражувачи – рече Марина Стефова, раководител на Институтот за хемија на ПМФ.

Студентите реагираат дека технологија е во подем, но тие не можат да го покажат знаењето. Очекуваат државата на хемичарите да им овозможат иднина.

– Никој не сака да си оди, но ако нешто не се смени ние сме принудени да си заминеме за подобро. Стручниот кадар е солиден, но ние немаме можност за пракса – рече Мирјана Тасевска, штотуку дипломирана студентка.

На институтот за хемија нема ниту еден асистент. Во 2010 година имало 4, но им избегале. Вработени се  24 луѓе, од кои 20 се наставници, а од нив 15 се редовни професори.

Протестот беше мирен и траеше половина час по што вработените и студентите се вратија на настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот