ФОТО | По тригодишна пауза: Хари Стајлс се враќа со нов албум, фановите очекуваат светска турнеја
Периодот без нова музика од Хари Стајлс официјално заврши. Вчера музичарот го најави својот нов студиски албум со наслов „Kiss All the Time. Disco, Occasionally“, кој ќе биде објавен на 6 март.
Препорачано
Албумот е продуциран од неговиот долгогодишен соработник Кид Харпун и ќе биде четврти студиски албум на Стајлс, а воедно и прв по изданието од 2022 година. Новото музичко издание ќе содржи 12 сосема нови песни.
Најавата беше претходно најавувана со серија билборди и постери поставени низ светот – од Њујорк и Берлин, до Сао Паоло и Палермо. На нив имаше пораки упатени до фановите, како „Се гледаме многу наскоро“ и „Сè е таму, веќе нè чека“.

Постерите беа поврзани и со нова веб-страница на музичарот, практика што Стајлс ја користеше и при промоцијата на претходните два албума. Почетната страница на сајтот „WeBelongTogether.co“ прикажува видео во циклус, со публика што танцува – дел се гушкаат, дел аплаудираат, а други снимаат со мобилните телефони кон бина која не се гледа.
Во средата, фановите кои ги оставиле своите контакт-податоци преку заедницата „HSHQ“ добиле кратка гласовна порака. Аудиото траело само шест секунди, во кое се слуша реченицата: „We belong together“ (во превод: „Ние припаѓаме заедно“), истата порака што се појави и на дигиталните најави.
Стајлс последен пат им се обрати на фановите во 2023 година, по завршувањето на светската турнеја „Лав он тур“. На последниот концерт од вкупно 169 настапи, тој изведе емотивна пијано-балада и подоцна се огласи на Инстаграм со ретка порака: „Ова беше најголемото искуство во мојот живот. Се чувствувам исполнето и среќно, и сето тоа е поради вас. Ми подаривте спомени што ќе траат цел живот – повеќе отколку што некогаш можев да замислам“.


