Хари Стајлс ги скара најдобрите другарки: Емили Ратајковски ја моли Оливија Вајлд за прошка

Оливија Вајлд, Хари Стајлс и Емили Ратајковски / Фото: EPA

Емили Ратајковски ја моли нејзината пријателка Оливија Вајлд за прошка, откако атрактивната манекенка беше забележана како се бакнува со поранешното момче на актерката, пејачот Хари Стајлс, пишува „Пејџ сикс“.

За време на минатиот викенд, британскиот таблоид „Дејли мејл“ објави видеоснимка на која Ратајковски и Стајлс страстно се бакнуваат на улица во Токио, Јапонија.

Близок извор до познатите дами тврди дека Ратајковски и Вајлд се пријателки и дека сега таа ја „моли за прошка“.

„Ова е предавство“, вели изворот.

Изворот тврди дека Вајлд не сака да има ништо со ситуацијата и дека планира да се држи на страна од целата медиумска драма.

Пред само неколку недели, Ратајковски и Вајд беа фотографирани на оскаровската забава на „Венити фер“, а во нивно друштво беше и британската манекенка Адвоа Абоа. Минатиот јуни, тие две заедно беа на концертот на Хари Стајлс во Париз, Франција.

@samanthasiegel her and oliviia must have beef now😮 #foryoupage #foryou #fyp #harrystyles #loveontourparis #loveontour #loveontour2022 #paris #emilyratajkowski #oliviawilde ♬ As It Was – Harry Styles


Бакнежот на Ратајковски и Стајлс, кој стана вирален, е само продолжување на љубовната драма која започна со раскинувањето на Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис, кого актерката го напушти за да почне љубовна врска со десет години помладиот британски пејач. Вајлд и Стајлс беа во двегодишна љубовна врска, а раскинаа во ноември 2022 година.

Повеќе на темата:

Бакнеж што го шокираше светот: Емили Ратајковски и Хари Стајлс се новиот жежок пар!

Хари Стајлс и Оливија Вајлд ја „паузираа“ љубовната врска

„Одвратна традиција“: Хари Стајлс ја соблече патиката среде концерт и се напи од неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот