Хари Стајлс и Оливија Вајлд ја „паузираа“ љубовната врска

Оливија Вајлд и Хари Стајлс / Фото: EPA

Пејачот Хари Стајлс и актерката Оливија Вајлд ја паузираат својата двегодишна љубовна врска.

Како што објави списанието „Пипл“, 28-годишниот пејач и 38-годишната актерка решиле да „направат пауза“ бидејќи имаат „различни приоритети кои ги раздвојуваат“.

„Тој е сѐ уште на турнеја и сега ќе патува низ светот. Од друга страна, пак, таа е фокусирана на своите деца и на својата работа во Лос Анџелес. Тоа беше многу пријателска одлука. Тие сѐ уште се многу блиски пријатели“, раскажал нивен близок пријател за „Пипл“.

Актерската екипа на филмот „Don’t Worry Darling“ на премиерата во Венеција / 5 септември 2022 / Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Нивниот пријател додал дека „тие двајца имаат различни животни приоритети“.

„Притисокот од јавноста им беше тежок. Тие имаа подеми и падови во текот на нивната врска“, објаснил пријателот.

И покрај сѐ, нема „зла крв“ меѓу нив двајца.

„Хари не ја зафркна Оливија, или обратно. Ова е најдолгата врска што Хари некогаш ја имал, па очигледно е дека тие имаат посебна врска“, вели нивниот пријател.

Оливија Вајлд и нејзиниот поранешен партнер Џејсон Судејкис на оскаровската забава на „Венити фер“ / 4 март 2018 / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Стајлс и Вајлд се запознаа во 2020 година, за време на снимањето на филмот „Don’t Worry Darling“.

Два месеци подоцна, Вајлд се раздели од актерот Џејсон Судејкис, со кого беше верена повеќе од седум години. Вајлд и Судејкис имаат две деца – осумгодишниот син Отис и шестгодишната ќерка Дејзи.

Посреќна од кога било: Оливија Вајлд раскажа за интервју за „Vogue“, но без да го спомнува името на Хари Стајлс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот