ФОТО+ВИДЕО | „Одвратна традиција“: Хари Стајлс ја соблече патиката среде концерт и се напи од неа

Хари Стајлс на концертот во Перт, Австралија / 20 февруари 2023 / Фото: Profimedia

Моментално, британскиот пејач Хари Стајлс е на својата светска концертна турнеја со назив „Love on Tour“, а вчера го одржа својот прв концерт во Австралија, поточно во градот Перт, пишува „Пејџ сикс“.

За време на својот вчерашен концерт, Стајлс реши да ја испочитува познатата австралиска традиција на пиење од чевли.

„Ова е една од најодвратните традиции за која сум чул“, изјави Стајлс пред својата многубројна публика.

Хари Стајлс на концертот во Перт, Австралија / 20 февруари 2023 / Фото: Profimedia

Како што може да се забележи на видеата кои ги објавија неговите обожаватели, 29-годишниот пејач ја соблекол својата Адидас патика, ја наполнил со алкохолен пијалак и се напил од неа.

„Јас се чувствувам како сосема нова личност. Јас се срамам од себеси, ова е премногу лично. Ова е премногу интимен момент за да го споделам со толку многу луѓе. Ќе зборувам за ова со мојот психотерапевт“, се пошегувал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот