Хамилтон жестоко ги нападна челниците на Ф1: Што мајка бараме тука

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, остро ги нападна челниците на Светската автомобилска федерација (ФИА), поради инертноста во моментите кога целиот свет е во страв од пандемија на коронавирусот.

Стартот на новата сезона во Ф1 сезоната е закажан за викендов кога во Мелбурн на патеката Алберт парк треба да се вози трката за Големата награда на Австралија.

Но, коронавирусот не го одбегна и најбрзиот спорт на четири трката бидејќи тројца членови на Ф1 екипи се во карантин поради сомнежи дека се заразени од коронавирус. Станува збор за двајца члена на тимот на Хас и еден на Мекларен.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон смета дека стартот на сезоната треба да се одложи и жестоко ги нападна челниците на ФИА велејќи дека на нив најважни им се парите, а не здравјето.

– Навистина сум изненаден што воопшто сме тука. Добро е што имаме трки, но јас сум шокиран што сме тука сите заедно во оваа соба. Веќе има голем број навивачи. Изгледа дека остатокот од светот реагира на настаните, иако малку предоцна.

Ова утро видовме дека суспендирана е сезоната во НБА, американскиот претседател Доналд Трамп ги забрани авионските летови од Европа, но Формула 1 продолжува. Слушнав дека резултатите од тестовите за коронавирус нема да стигнат за неколку дена, дури по завршување на трката. Коинциденција? Кешот е кралот! Имам право да го искажам своето мислење. Мислам дека сите ќе ги почитуваат препораките. Шетав низ патеката и гледам дека сите работат како да е обичен и нормален ден, но реалноста не е таква – изјави Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот