Хамилтон казнет поради инцидент со Раиконен (ВИДЕО)

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Првично беше објавено дека Леклер заврши пред второпласираниот Хамилтон, но доаѓаат нови информации кога станува збор за стартниот ред в недела.

Хамилтон во еден момент го блокираше Раиконен и истрагата веќе беше најавена, а сега го знаеме и нејзиниот исход.

https://twitter.com/F1/status/1145000155495710727

Казнет е и Кевин Магнусен кој поради промена на компонентите на болидот, е вратен пет места и ќе стартува од 10 позиција на Ф1 трката во Австрија.

Тоа значи дека утре од 15.10 часот од првиот стартен ред ќе тргнат Шарл Леклер, Макс Ферстапен и Валтери Ботас.

Следуваат Ландо Норис, Луис Хамилтон, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Пјер Гасли, Себастијан Фетел и Кевин Магнусен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот