Хамилтон и Мерцедес доминантни на квалификациите во Силверстон

epa08578834 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas in action during the qualifying session of the British Formula One Grand Prix in Silverstone, Britain, 01 August 2020. EPA-EFE/Will Oliver / Pool

Во Формула 1 шампионот и на четвртата трка ништо ново, возачите на Мерцедес повторно доминираат.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија ќе стартува од пол позцијата откако беше најбрз во квалификациите.

Веднаш до Хамилтон за кого ова беше 91. пол позиција од првиот ред ќе стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас. Ова ќе биде 66 пат како возачите на Мерцедес ќе стартуваат од првите две позиции, со што го поминаа Ферари и станаа најуспешен тим во историјата на Ф1 со вакво постигнување.

Колкава е доминацијата на болидите на Мерцедес најдобро зборува податокот дека третиот најбрз возач во квалификациите, Макс Фестапен од Ред Бул, возеше за повеќе од една секунда поспоро. Четврто најбрзо време има возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека неговиот клупски колега и четирикратен шампион Себастијан Фетел имаше 10. најбрзо време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот