Хамилтон доминираше во Катар, Алонсо на подиум после седум години

Британецот Луис Хамилтон ја намали разликата на водечкиот Ферстапен/Лусаил, Катар/21 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/HAMAD I MOHAMMED

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, триумфираше на првата трка за Големата награда на Катар во историјата, што се возеше како 20 трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион на патеката „Лосаил“ стигна до седмата победа сезонава, а вкупно 102 во кариерата откако водеше од стартот до крајот.

Второто место го освои Макс Ферстапен во болидот на „Ред Бул“, а неговото заостанување во однос на Британецот беше околу 25 секунди. На на подиумот се најде и возачот на „Алпин“, Фернандо Алонсо.

Благодарение на триумфот, Хамилтон ја намали разликата во однос на Ферстапен во генералниот пласман на осум бода, а до крајот на сезоната останаа уште две трки.

Првата од нив ќе се вози на 5 декември за Големата награда на Саудиска Арабија, а една недела подоцна е закажано големото финале во Абу Даби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот