Хамас во Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас бара израелската армија да се повлече од јужниот дел на Појасот Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас во четвртокот го повтори своето барање израелските сили да се повлечат од јужниот дел на Појасот Газа, обвинувајќи ја израелската влада дека се обидува да ги заобиколи условите од договорот за прекин на огнот, кој е на сила во енклавата од 19 јануари, додека во моментов се водат индиректни преговори за втората фаза во Доха, Катар.

„Извештаите во печатот покажуваат дека се презентираат нови предлози со цел да се заобиколи договорот кој стапи на сила во јануари„, изјави за АФП портпаролот на Хамас, Хазем Касем, додека продолжуваат состаноците со посредниците во Доха за надминување на разликите околу втората фаза од договорот.

„Остануваме посветени на договореното и на спроведувањето на втората фаза (…) за да не се враќаме во војна и на повлекувањето на израелските трупи од цела Газа“, продолжи тој.

Затоа, Хамас го чека „почетокот на нивното повлекување од коридорот Филаделфија“, безбедносна зона долж јужната граница на Појасот Газа со Египет, што требаше да се направи во првата фаза, инсистираше тој.

Освен тоа, се пожали тој, Израел „не го спроведе хуманитарниот аспект на договорот“, кој предвидува влез на помош во енклавата, која претрпе огромни разурнувања и доживува хуманитарна криза по 15 месеци војна.

Од 2 март, Израел спречува конвои со хуманитарна помош да минуваат низ Појасот Газа, во обид да изврши притисок врз палестинското исламистичко движење, се вели во извештајот.

„Не сакаме враќање на војната“, но „ако окупацијата продолжи со нападот, нема да имаме друг избор освен да го браниме нашиот народ“, предупреди Хазем Касем.

Првата фаза формално заврши на 1 март, без договор за продолжување што е можен крај на војната што беше предизвикана од упадот на борците од палестинското исламистичко движење во јужните сектори на израелската територија на 7 октомври 2023 година.

Хамас повикува преговорите за втората фаза да започнат веднаш. Израел едноставно претпочита да ја продолжи првата фаза.

Израелските медиуми вчера објавија дека има израелски предлог за ослободување на неколку заложници, мртви и живи, од 58-те останати во Појасот Газа, во замена за продолжување на прекинот на огнот за 50 дена. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли извештаите користејќи го изразот „лажни вести“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот