Хаг: Продолжение на сведочењето на Реми на судењето на поранешните команданти на ОВК

Фото: EPA-EFE/Koen van Weel/Pool

Поранешниот командант на оперативната зона Лаб, Рустем Мустафа, попознат по прекарот Реми, денеска го продолжи своето сведочење на судењето во Хаг против поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за војна,кривични дела, јавува Економија онлајн.

Мустафа сведочеше и во текот на претходната недела, кога изјави дека Главниот штаб на ОВК не може да издава наредби на командантите на оперативните зони, бидејќи тие подобро ја знаат состојбата во областите што ги водат.

Судењето на Тачи и другите започна на 3 април со воведни изјави каде сите тие се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за воени злосторства. Тие се во притворот во Хаг од ноември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот