Хадад Маја е противничката на Халеп во финалето во Торонто

Беатриз Хадад Маја/фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Бразилската тенисерка Беатриз Хадад Маја продолжи со одличните игри на мастерсот во Торонто обезбедувајќи пласман во финалето откако во полуфиналето ја победи Каролина Плишкова со 6:4, 7:6. Нејзина противничка во финалето ќе биде Симона Халеп.

Бразилката целосно ги контролираше случувањата во првиот сет. Веќе во првиот гем направи брејк, потоа повторно го одзеде севисот на Плишкова во петтиот гем и поведе со 5:1. Потоа следуваше мал пад, Плишкова врати еден брејк намалувајќи на 5:4, но во десеттиот гем Хадад Маја со сигурен сервис поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот дел Плишкова прва направи брејк, во вториот гем кој го потврди со сигурен сервис и поведе со 0:3. Чешката тенисерка сервише за израмнување на 1:1 во сетови, но при 3:5 Хадад Маја успеа да се врати во игра, да направи брејк и потоа да дојде до тај-брејкот каде славеше со 9:7 што и донесе пласман во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот