Гвардиола по Сити ќе стане селектор, но не на Шпанија?!

Пеп Гвардиола / фото: EPA-EFE/Peter Powell

Пеп Гвардиола на почетокот од сезоната најави дека ќе го одработи договорот со Манчестер сити до крај, а потоа би сакал да стане селектор, но најверојатно тоа нема да биде Шпанија.

Договорот на Гвардиола истекува во јуни 2023 година, а весникот „Мирор“ пишува дека уште сега му пристигнала понуда да седне на клупата на репрезентацијата на Холандија.
Човек за врска е братот и агент на Пеп, Пере Гвардиола кој неодамна стана партнер со менаџерска агенција од Холандија.

Холанѓаните во Пеп Гвардиола го гледаат идеалниот наследник на фудбалската филозофија на легендарниот Јохан Кројф.
Изминатите години, Пеп Гвардиола се споменуваше и како можен селектор на Аргентина, додека во Шпанија засега не се зборува гласно за негов ангажман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот