Гвардиола добил понуда вредна над 90 милиони евра за сезона
Манчестер сити денеска официјално потврди дека Пеп Гвардиола става крај на својата ера во Манчестер сити. Каталонскиот стратег, по една деценија исполнета со трофеи одлучи дека е време да се збогува со гигантот од „Етихад“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Веста за заминувањето на Гвардиола веднаш предизвика вистинска трка меѓу клубови и репрезентации бидејќи неговото име одамна е желба на најголемите европски клубови и фудбалски сојузи, а самиот Гвардиола во неколку наврати истакна дека би сакал еден ден да води национален тим, што би било сосема ново искуство во неговата тренерска кариера.
Според шпански „Спорт“, интерес за Гвардиола веќе покажале Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Особено амбициозни се Саудијците, кои наводно подготвиле неверојатна понуда вредна дури 90 милиони евра за сезона, заедно со бонуси.
Во трката се вклучи и Мароко, чиј фудбалски сојуз во Гвардиола гледа човек што може дополнително да го издигне националниот тим меѓу светската елита.
Интерес постои и од клупскиот фудбал. Милан и Јувентус подолго време бараат тренер од светска класа кој повторно би ги вратил на европскиот врв. Засега нема официјални понуди, но интересот е сериозен доколку Гвардиола реши веднаш да се врати на клупата.
Сепак, според информациите од Шпанија, Каталонецот засега има поинаков план. По десет години интензивна работа во Манчестер, тој сака да направи пауза од фудбалот, да се повлече од јавноста и да земе една година одмор пред да ја избере следната дестинација.
Гвардиола ја започна тренерската кариера во Барселона Б, а во 2008 година седна на клупата на првиот тим на Барселона, со кој освои 14 трофеи и испиша историја. Од 2013 до 2016 година го водеше Баерн Минхен и освои седум трофеи, а потоа се пресели во Манчестер сити.
Со англискиот гигант шестпати ја освои Премиер лигата, а во 2023 година стигна и до трофејот во Лигата на шампионите. Во десетгодишниот престој на „Етихад“, Гвардиола освои вкупно 20 трофеи.
Гвардиола се збогуваше со Сити: Не ме прашувајте зошто заминувам
ФОТО | Астон вила мораше да направи промена на дресот за финалето во Лига Европа
Емери влезе во одбрано друштво и им се придружи на Мурињо, Трапатони и Анчелоти


