Aстон вила/EPA/BRADLEY SECKER

ФОТО | Астон вила мораше да направи промена на дресот за финалето во Лига Европа

Астон вила вчера ја освои Лигата на Европа со победа над Фрајбург од 3-0, но во финалето премиерлигашот мораше да настапи со изменет дрес поради законите во Турција каде што се играше финалето. Имено, законите во Турција забрануваат рекламирање на обложувалници и казина, па така на дресот на Вила не можеше да стои нивниот спонзор.

Спонзор на вила е „Бетано“,компанија од индустријата на спортско обложување, што според турските закони не смее да биде прикажано на спортски дресови.

Поради тоа, англискиот клуб беше принуден да настапи без логото на својот главен спонзор, а на негово место на дресот беше поставен натписот „Астон вила фондација“, односно клупската фондација.

ВИДЕО | Астон Вила го прегази Фрајбург во финалето, Емери по петти пат со пехарот на Лига Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот