Пеп Гвардиола/Manchester City

Гвардиола се збогуваше со Сити: Не ме прашувајте зошто заминувам

Пеп Гвардиола и официјално става крај на својата десетгодишна ера во Манчестер сити, објави англискиот клуб. Шпанскиот стратег по една деценија мината на клупата на „граѓаните“ си заминува како најтрофеен тренер во историјата на клубот.

Гвардиола пристигна во Манчестер во 2016 година и за тоа време освои дури 20 трофеи, оставајќи длабока трага во англискиот и европскиот фудбал. Под негово водство Сити се претвори во доминантна сила, а Шпанецот стана еден од најзначајните симболи на клубот во модерната ера.

Од Манчестер сити потврдија дека соработката со Гвардиола нема целосно да заврши, бидејќи тој ќе остане дел од клубот во улога на глобален амбасадор.

„Не ме прашувајте зошто заминувам. Нема посебна причина, но длабоко во себе чувствувам дека сега е вистинскиот момент. Ништо не трае вечно, а ако беше така, ќе останев засекогаш. Засекогаш ќе останат чувствата, луѓето, спомените и љубовта што ја имам кон мојот Манчестер сити“, изјави Гвардиола.

Според најавите од Англија, негов наследник на клупата треба да биде Енцо Мареска, кој во минатото беше дел од стручниот штаб на Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот