Унаи Емери/фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Емери влезе во одбрано друштво и им се придружи на Мурињо, Трапатони и Анчелоти

Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, испиша нова страница во европскиот фудбал откако стана четвртиот стратег во историјата на УЕФА со освоени пет европски трофеи.

Шпанецот одамна го носи епитетот „крал на Лига Европа“, а тоа уште еднаш го потврди со новиот успех со Астон вила. Емери претходно во ова натпреварување доминираше со Севиља, со која три сезони по ред го освојуваше трофејот во 2014, 2015 и 2016 година. Подоцна славеше и со Виљареал во 2021 година, а сега стигна и до петтата европска титула.

Со овој успех, Емери се приклучи на друштво составено од легендарни тренерски имиња. Пред него, до пет европски трофеи стигнаа Џовани Трапатони, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.

Трапатони своите европски успеси главно ги градеше со Јувентус, освојувајќи Куп на шампиони, два Купа на УЕФА и Куп на победници на купови, а дополнителен европски трофеј освои и со Интер.

Мурињо, пак, има две титули во Лигата на шампиони со Порто и Интер, како и трофеи во Купот на УЕФА исто така со Порто и Лига Европа со Манчестер јунајтед.

Карло Анчелоти најмногу се издвојува во ова друштво бидејќи сите пет европски трофеи му се од Лигата на шампионите, две со Милан и три со Реал Мадрид.

ВИДЕО | Астон Вила го прегази Фрајбург во финалето, Емери по петти пат со пехарот на Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот