Гутиереш: Коронавирусот не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна

Фото: Профимедиа

Гутереш во Пакистан учествува на конференција по повод 40-годишнината од бегството на илјадници луѓе од соседниот, од војна разурнат, Авганистан.

Епидемијата на коронавирусот Ковид-19, што се појави во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Гутереш, кој престојува во Пакистан, во интервју за американски медиум изјави дека „ширум светот постои огромен ризик и дека мораме да бидеме подготвени за тоа“.

Гутереш во Пакистан учествува на конференција по повод 40-годишнината од бегството на илјадници луѓе од соседниот, од војна разурнат, Авганистан.

Бројот на смртни случаи од коронавирус нарасна на 1.873, а меѓу нив е и директорот на главната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Зиминг, соопшти денеска Здравствената комисија на Вухан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот