Гурмански викенд: Салата со запечени праски и бурата

САЛАТА 4
Фото: Unsplash

Во овие топли денови, идеален предлог за семеен ручек е некоја свежа и вкусна салата. Секако традиционалните салати богати со свеж зеленчук секогаш се одличен избор, но доколку сакате овој пат салата да биде вашето главно јадење, а притоа да биде микс на овошје, зеленлук, јатки и прекрасната бурата имаме совршен рецепт за вас.

СОСТОЈКИ:

– 2 големи праски
– 10 – 12 чери домати
– 2 – 3 гранчиња свеж босилек
– 30 – 40г лешници
– 2 лажици песто
– 1 парче бурата (кремаста моцарела)

За прелив:
– маслиново масло, оцет балсамико, морска сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Лешниците ставете ги во тавче на средна температура да се тостираат. Праските
исечете ги на резанки и потпечете ги од двете страни во грил-тава подмачкана со
маслиново масло. Парчето бурата (ако немате, можете да ставите обична
моцарела) пред да го исечете, премачкајте го со песто. За преливот ставете ги
сите состојки во тегличка со капак, затворете ја и добро протресете ја. Во чинија
наредете ги состојките, посипете со песто, полејте со преливот и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот