Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Гуанју Жоу ќе биде резервниот возач на Кадилак во новата Ф1 сезона

Гуанју Жоу од Кина ќе биде резервен возач за тимот на Кадилак во новата сезона од Формула 1 шампионатот.

Жоу беше во Алфа Ромео/Кик Заубер во периодот од 2022 до 2024 година, а лани беше тест возач во Ферари.

Сега ќе ја чека својата шанса кога Валтери Ботас и Серхио Перез нема да можат да возат за американскиот тим, кој ќе користи мотори на Ферари.

Жоу е првиот и досега единствениот Кинез во Формула 1. Тој освои поени во седум од 68 трки на кои учествувал.

– Задоволен сум што сум дел од Кадилак. Ова е еден од највозбудливите проекти во историјата на Формула 1 – рече Жоу.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 8 март со трката во Мелбурн, Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот