Гроздановска со две први места на првиот октомвриски коњички турнир

фото: Федерација на Коњички Спортови на РС Македонија

Федерацијата на Коњички Спортови на РС Македонија ги објави резултатите од првиот октомвриски коњички турнир и третото коло од отвореното Лига-првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.

Овој турнир се одржа денеска според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на РС Македонија во организација на коњичкиот клуб „Анималс“ од Скопје на терените во ДРМА-Идризово.

На програмата беа два натпревари во прескокнување на пречки:

1 – Натпревар „Одбери свој пат“ височина на пречките 0,95м.

1-место Леонида Гроздановска со грлото Nur од КК.Анималс

2-место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК.Анималс и

3-место Цветанка Георгиев со грлото Чари од КК.Бравадос

2- Натпревар „Растечки потешкотии“ од 0,95 – 1,25m. со Џокер

1-место Леонида Гроздановска со грлото Прециоус од КК.Анималс

2-место Леонида Гроздановска со грлото Нур од КК.Анималс

3- место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК.Анималс

Според -план – календарот и пропозициите на ФКС-за 2021г.

Остануваат уште два октомври коњички турнири, четвртото финално коло од отвореното Лига првенство за 2021 година и шестото финално коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки. Истите ќе се одржат во организација на ККС.Илинден на терените на клубот на хиподромот во Маџари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот