Грците преку СМС и мејл ќе добиваат рецепти од лекарите

Лекарите, од друга страна ќе бидат ослободени од формалните процедури што одземаат многу време, овозможувајќи им да се фокусираат на случаи за кои е потребна итна нега, особено кога се борат со коронавирусот.

Преку СМС порака на мобилните телефони или преку мејл, секој осигуреник во Грција ќе може да ги добива рецептите од лекарите, со воведениот нов систем за електронско издавање на рецепти за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот систем, денеска преку видеоконференција беше презентиран за време на состанокот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри.

Мицотакис рече дека системот има тројна корист. За осигурениците, особено за хронично болните, нема да биде потребно да го посетат нивниот лекар, туку препишувањето на лековите ќе оди електронски.

Лекарите, од друга страна ќе бидат ослободени од формалните процедури што одземаат многу време, овозможувајќи им да се фокусираат на случаи за кои е потребна итна нега, особено кога се борат со коронавирусот.

А државата ќе има можност да ги следи фармацевтските трошоци и евентуалните нарушувања, доколку постојат.

Граѓаните, за електронски да добијат рецепта, ќе треба да се регистрираат на специјално изработен сајт, а откако ќе ги пополнат потребните податоци, на нивниот мобилен телефон преку смс или преку мејл, ќе добијат баркод, кој ќе го употребат за од аптека да го земат лекот.

Според официјалните информации, во 2019 година во Грција регистрирани се 5,26 милиони посети на осигурениците на некој од лекарите (околу 40 илјади) што издаваат рецепти.

Секоја година во Грција се издаваат околу 75 милиони рецепти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот