Почна судењето за железничката несреќа во Грција, земјата ја тресат штрајкови и политички тензии
На вкупно 36 обвинети треба да им се суди во специјално подготвена сала во Конференцискиот центар на Универзитетот во Тесалија. Триесет и тројца од нив се товарат за кривично дело загрозување на железничкиот сообраќај, за што е предвидена и доживотна казна затвор.
По повеќе од три години по железничката несреќа кај Темпи во централна Грција во 2023 година, најсмртоносната во историјата на земјата, денеска започна судењето во Лариса, во напната атмосфера. Роднините на жртвите ја критикуваа истрагата, а меѓу обвинетите нема политичари, објави „Катимерини“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На вкупно 36 обвинети треба да им се суди во специјално подготвена сала во Конференцискиот центар на Универзитетот во Тесалија. Триесет и тројца од нив се товарат за кривично дело загрозување на железничкиот сообраќај, за што е предвидена и доживотна казна затвор. Дополнителните обвиненија вклучуваат убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.
Со оглед на обемот на случајот и бројот на учесници, постапката се очекува да трае долго. Повеќе од 350 сведоци треба да сведочат, а над 230 луѓе и организации, меѓу кои роднини на жртвите, преживеани, адвокатски комори и синдикати, ќе ја поддржат обвинителната страна.
Во тек е и судска истрага против поранешниот министер за транспорт Костас Караманлис за повреда на службената должност, како и против поранешниот заменик-министер во кабинетот на премиерот, Христос Тријантопулос, кој е обвинет дека го попречувал увидот на местото на несреќата.
Во Атина, пак, им се суди на претставници на Националната управа за транспарентност поради доцнењето во спроведувањето на Договорот 717, проект финансиран од ЕУ во вредност од 41 милион евра, наменет за модернизација на сигнализацијата и на системите за далечинско управување на грчката железничка мрежа.
Во судот во Лариса во тек е уште едно судење поврзано со исчезнатата видео-снимка од ноќта на судирот на возовите.
Штрајк на таксистите
Таксистите денеска најавија штрајк додека во парламентот се расправа и се гласа за предложен закон за транспорт. Возачите се собраа на авенијата „Атинон“ во 11 часот, а потоа ќе се упатат кон центарот на градот пред парламентот, што значително ќе го наруши сообраќајот.
Тие остро се спротивставуваат на одредбите со кои се наложува премин кон електрични такси-возила во Атина и Солун. Возачите ја опишуваат оваа мерка како „присилен“ потег што им ја загрозува егзистенцијата и најавуваат дека, ако биде усвоена, ќе ја оспорат пред Државниот совет.
Протести ја тресат Грција: се затвораат бензиски пумпи, штрајкуваат сточарите и таксистите


