Фото: ЈП „Лајка“

Граѓаните од денеска можат привремено да вдомуваат кучиња од стационарот на „Лајка“

Од ЈП „Лајка“ ги информираат граѓаните дека започнува акција за привремено згрижување на уличните кучиња сместени во стационарот на претпријатието.

Оттаму ги повикаа граѓаните да станат привремени згрижувачи на улични кучиња, мерка која според „Лајка“ има цел да  овозможи хуман третман на бездомните кучиња и зголемување на стапката на вдомување, а како поддршка за згрижувачите, трошоците за храна при привремениот престој на уличните животни во домовите на граѓаните ќе бидат покриени од страна на „Лајка“.

„Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување. Како поддршка на згрижувачите, „Лајка“ ќе обезбеди храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, промоција на кучето за вдомување“, велат од претпријатието.

„Лајка“ со акција за вдомување кучиња: Биди мојот Валентајн на еден ден

За пријави или повеќе информации, заинтересираните можат да го контактираат претпријатието преку електронската адреса [email protected], или преку социјалните мрежи на ЈП „Лајка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот