Граѓаните дадоа зелено светло: Десницата се бунеше, но Евровизија ќе се одржи во Базел следната година
Жителите на Базел вчера гласаа за одобрување на јавното финансирање на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во овој швајцарски град следната година во мај.
Препорачано
Првичните резултати покажуваат дека мнозинството граѓани дале зелено светло за заем од 40 милиони евра за сеопфатно финансирање на 69. издание на оваа манифестација.
Средствата ќе бидат искористени за финансирање на трошоците на придружната програма, но и за сместување, кампањи за добредојде и за проширување на локалниот јавен превоз.
Прашањето за финансирањето на Евровизија беше покренато од десничарската партија Федерален демократски сојуз, која помогна да се координира собирањето потписи.
Политичарите од оваа партија го критикуваа овој музички настан, нарекувајќи го „пропагандна платформа“ за хомосексуалци и небинарни луѓе, а во исто време ги обвинија дека го поттикнуваат сатанизмот и окултизмот.
Да потсетиме, Базел ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија по минатогодишната победа на швајцарскиот претставник Немо и неговата песна „The Code“.


