Црн Петок - попусти / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Граѓаните да пријавуваат дубари кај трговците за „Црниот петок“, повика Пазарната инспекција

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повод најавените продажни поттикнувања во рамките на т.н. „Црн петок“, ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

-Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски. Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите, велат од ДПИ.

Воедно, од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот